ДОРТМУНД ОСТАНУВА ЛИДЕР, СЛАВЕА УШТЕ АУГСБУРГ И ВОЛФСБУРГ

Бундеслига: Баерн ја преброди кризата, тоа го сфати и Мајнц! (ВИДЕО)

Полека, но сигурно баварците се враќаат на вистинскиот пат, после лошата серија на резултати од три натпревари без триумф, денеска во рамките од деветтото коло дојдоа и до втората победа сезонава над Мајнц (1:2).

објавено: 27 октомври 2018 - 17:24

Играчите на хрватскиот тренер Нико Ковач дојдоа во водство во 39. минута, убаво Кимих го пронајде Горецка, а овој во казнетиот простор на домаќините брзо и ефикасно реагираше за почетна позитва (0:1).

На стартот од вториот дел Жан Пол Боетјус најдобро се снајде на петерецот на гостите, после изведениот слободер од страна на Бросински. Не му беше тешко на Холанѓанецот од непосредна близина да ја затресе мрежата на Нојер за израмнување (1:1).

Решавачкиот победнички момент се случи во 62. мин. кога Роберт Левандовски кој едноставно без гледање, но со чувство му асистираше на Алкантара кој им избега на дефанзивците и стрелаше за конечни 1:2 на „Опел" Арената.

Бундеслига, 9. коло

Петок

Фрајбург-Борусија Менхенгладбах 3:1

Сабота

Борусија Дортмунд-Херта Берлин 2:2
Дизелдорф-Волфсбург 0:3
Хановер-Аугсбург 1:2
Мајнц-Баерн Минхен 1:2

18:30 ч.
Хофенхајм-Штутгарт

Табела:

1.Борусија Дортмунд 21 бодови
2.Баерн Минхен 19
3.Борусија Менхенгладбах 17
4.Вердер Бремен 17
5.Херта Берлин 16
6.Лајпциг 15
--

Најново во Меѓународен Фудбал