ПОЗНАТ РАСПОРЕДОТ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Бундеслига: Шампионот ја отвора сезоната, Дортмунд на Лајпциг (Фото)

Стандардно, после секое лето следува почеток на клупските натпреварувања.

објавено: 30 јуни 2018 - 12:30

Оваа година настапот во клупските првенства ќе започне после завршувањето на Светското првенство во Русија, така што играчите нема да имаат многу време за одмор.

Германците денеска го објавија распоредот на натпревари за новата сезона 2018/19 во Бундеслигата.

Актуелниот шампион Баерн ќе игра во првиот меч против Хофенхајм на домашен терен на 24. август. Интересен е податокот што Баварците не загубиле на премиерните мечеви уште од 2011. година.

Најголемото дерби, она помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн ќе се игра на почетокот на ноември, додека возвратниот дуел е во април наредната година.

Најново во Меѓународен Фудбал