ПОСТИГНАТ ЈУБИЛЕЕН ПОГОДОК ВО ГЕРМАНСКОТО ПРВЕНСТВО

Бундеслигата изброја до 5.000

Голот на Карим Белараби засекогаш ќе биде забележан во историјата на овој шампионат

објавено: 18 февруари 2017 - 08:30

Играчот на Баер Леверкузен, Карим Белараби ќе остане забележан во историјата на германското првенство. На дуелот против Аугзбург, „фармацевтите“ победија со 3:1, а токму Белараби го најави триумфот. 

Погодокот на Белараби, всушност е историски во Бундеслигата. Тој е јубилеен 5.000 гол во германското првенство. По тие два гола на Белараби, два гола даде Хавиер Ернандес, кој стигна до бројката од 10 гола сезонава.

Сепак погодокот на Белараби, ќе биде запамтен како 5.000, од формирањето на Бундеслигата. 

„Немав претстава дека мојот погодок е јубилеен. Слушнав дека викендов треба да се дочека тој 5.000 погодок, но не ме заинтересира ништо посебно тој момент. Сепак се радувам. Ова е мој втор рекорд во Бундеслигата“, рече Белараби, кој е стрелец и на најбрзиот погодок, откако даде гол за само девет секунди игра, во дуелот против Борусија Дортмунд, во 2014 година. 

Најново во Меѓународен Фудбал