ГОЛЕМА ЛУТИНА КАЈ ФАНОВИТЕ НА НЕКОГАШНИОТ ЕВРОПСКИ ПРВАК

Хамбургер првпат испадна, навивачите го запалија стадионот (Видео)

објавено: 12 мај 2018 - 20:25

Хамбургер за првпат во 55-годишното постоење на Бундеслигата го загуби прволигашкиот статус, и тоа беше причина за неговите разлутени навивачи да направат голем инцидент. Денеска Хамбургер ја победи Борусија Менхенгладбах, но тоа не беше доволно за опстанок. Фановите почнаа да фрлаат предмети на терен, потоа се префрлија на факели и други пиротехнички средства. 

Часовникот на стадионот застана на 54 години, 260 дена и 22 часа. Толку клубот играше во првата лига, во 1983 година беа и европски прваци, а имаат и три титули во Германија. 

Најново во Меѓународен Фудбал