ПОСЛЕ РЕМИТО СО АУГСБУРГ, НОВ КИКС НА БАВАРСКИОТ ГИГАНТ

Херта после девет години го урна Баерн Минхен! (ВИДЕО)

На отворањето на шестото коло сме сведоци на ново големо изненадување во Германија, шампионот Баерн веќе втор меч по ред не знае за триумф, што е невообичаено за овој клуб. Ова е прва победа за Херта над Баерн уште од 2009. година.

објавено: 28 септември 2018 - 22:33

На Олимпискиот стадион во Берлин, избраниците на тренерот Ковач загубија од Херта со 2:0 што е нивни прв пораз во Бундеслигата оваа сезона.

Се беше решено уште во првото полувреме, од пенал за водство стрелаше босанскиот интернационалец Ибишевиќ (23. мин.), а конечниот епилог го постави Словакот Дуда после асистенцијата на Лазаро непосредно пред паузата (44. мин.)

Баварците во понатамошниот период се обидоа да се вратат во резултатска неизвеснот, но домашната одбрана одлично ја заврши својата работа и не дозволи мрежата да биде затресена.

Ова е четврти триумф за составот на Дардаи и се израмни со Баерн на чело на табелата со по 13 бодови.

Бундеслига, 6. коло

Петок:

Херта Берлин-Баерн Минхен 2:0

Сабота:

15:30 часот
Хофенхајм-Лајпциг
Нирнберг-Дизелдорф
Шалке-Мајнц
Штутгарт-Вердер Бремен
Волфсбург-Борусија Менхенгладбах

18:30 часот
Баер Леверкузен-Борусија Дортмунд

Недела:

15:30 часот
Ајнтрахт Франкфурт-Хановер

18:00 часот
Аугсбург-Фрајбург

Табела:

1.Баерн Минхен 13 бодови
2.Херта Берлин 13
3.Борусија Дортмунд 11
4.Вердер Бремен 11
5.Борусија Менхенгладбах 10
6.Волфсбург 8
--

Најново во Меѓународен Фудбал