Нови правила во бундеслигашот

„Хитлер“ режим во Баерн: Казни за „анти“ Германците

Првиот човек на Баерн Минхен, Ули Хенес најави казни за играчите кои нема да заборуваат на германски јазик.

објавено: 5 јануари 2017 - 10:00

И покрај тоа што екипата на Баерн Минхен претежно е составена од голем број на странци, челниците на клубот бараат сите фудбалери да го научат германскиот јазик .Играчите кои ќе одбијат да го учат овој јазик ќе бидат казнети.

„Освовниот јазик во соблекувалната на Баерн треба да биде германскиот, во спротивно ќе се создадат мали групи што не е добро за екипата. Лошо е кога неможете да учествувате во разговорите. Ако сакате да се интегрирате во клубот, мора да се научи германскиот јазик. Ако тоа не сакате давате знак дека на него гледате само како на „отскочна даска". Затоа клубот ја менува политиката. Веќе нема да биде доволно да зборувате француски или португалски", изјави Хенес.

Првиот човек на Баерн им даде пример на фдубалерите.

„Кога Рибери дојде во Баерн, клубот го гледаше како отскочна даска. Но, потоа свати колку за него е важен овој тим, па го научи германскиот тим. Ова треба да стане правило. Доколку играчот не сака да го научи германскиот јазик, ќе биде казнет".

Според германските медиуми, заканите на Хенес најмногу се однесуваат на Коста, Сначез и Коман.

Најново во Меѓународен Фудбал