ВЕЌЕ СЕ ЗАГРИЖЕНИ ФАНОВИТЕ НА БАВАРСКИОТ ТИМ

И ТОА СЕ СЛУЧИ: Баерн не е фаворит, туку „аутсајдер“ во бундеслигашкото дерби!

Бранителот на титулата во најквалитетната германска лига ја нема фаворитската улога во претстојниот натпревар против Борусија Дортмунд во големото дерби овој викенд, тие се зборовите на претседателот на клубот од Минхен, Ули Хенес. Оваа пресметка ќе се игра в сабота од 18:30 часот во Дортмунд, а Баерн после 10. кола заостанува четири бодови зад „милионерите".

објавено: 9 ноември 2018 - 11:30

„Во Дортмунд не патуваме како фаворити, туку како аутсајдери, за прв пат после долго време. Не можеме да кажеме да одиме таму по трите бода. Дортмунд во досегашниот дел од сезоната игра многу добро, без сомнение", рече Хенес.

Нико Ковач го водеше Баерн до победа над АЕК од Атина (2:0) во Лигата на шампионите, а Борусија Дортмунд во Лига Европа во вторникот со истиот резултат загуби од Атлетико Мадрид.

Борусија (Д) е единствената бундеслигашка екипа без пораз, а ја краси и фантастичната статистика од дури 30 постигнати голови. Пред поразот од Атлетико, тимот на Дортмунд имаше 15 мечеви без пораз во сите натпреварувања.

Да потсетиме, во последниот меѓусебен дуел помеѓу двата тима, одигран во март во Минхен, славеше Баерн и тоа со убедливи 6:0.

Најново во Меѓународен Фудбал