БОРУСИЈА МОРА ДА ПРОДАВА... НО КОМУ?

ИАКО СЕ МИЛИОНЕРИ: Не знаат што да прават со „вишокот"

Дури четворица играчи се надвор од последната линија на Лусиен Фавр, но кој има дури 29 во комбинација...

објавено: 10 август 2018 - 21:30

Дури четвртото место на табелата во ланската сезона на Бундеслигата, е резултат под очекувањата на Борусија од Дортмунд, за што и се случија одредени промени, и тренерски и играчки.

На шест засилувања „милионерите" потрошија дури 73.милиони евра, од од друга страна си заминаа неколку фудбалери чија пазарна вредност е проценета на 48.4 милиони евра.
Можеше да има уште имиња, постои таква шанса и во деновите пред нас. Најмалку четворица кои не се во плановите на новиот тренер, кој неверојатно, во овој момент има на располагање дури 29. фудбалери и од нив само еден е вистински напаѓач.

Прв на листата е Жереми Толијан, играч кој пред само една сезона дојде за седум милиони евра и потпиша договор на пет години. За него имаше неколку понуди (Валенсија и Наполи пред се), а откако во меѓувреме од Реал дојде Хакими, тој е еден од оние кои можат да си заминат.
Само прашање е каде?
Себастијан Роде има други проблеми, здравствениот картон му е полн како Библија, што се вели, сега е подготвен, но Фавр не смета на него. За време на подготовките одигра само четири минути, а има гигантска плата од шест милиони евра која сосема извесно, никој нема да му ја даде на друго место. Посебно ако се знае дека последната лигашка средба ја одиграл пред 454 денови.
Александер Исак беше голема шведска надеж, но тоа не го покажа на „Вестфален", па тренерот Фавр исто така не смета на неговите услуги. Менаџери те на Исак одбиваат позајмица, а заинтересирани едноставно нема!
Џенис Бурниќ во Дортмунд дојде на осум години, сега има веќе 20, но за Борусија има одиграмо само два официјални натпревари досега . Лани во Штутгард само осум, но ова лето не може да оди на позајмица затоа што неговиот договор истекнува следното лето. А сега никој не е подготвен да купи „мачка во вреќа". Сите попрво би го позајмиле, или на истекот на преодниот рок да го добијат гратис

Најново во Меѓународен Фудбал