„Сигнал Идуна Парк“ денеска ќе биде под мониторинг

Како навивачите на Борусија (Д) можат да го уништат сонот за титула?

Сопственикот на Хофенхајм е редовно омаловажуван, навредуван и јавно „плукан“ од навивачите на Борусија. Ако тоа се повтори и денеска, ДФБ може да му одземе бодови на лидерот.

објавено: 9 февруари 2019 - 08:30

Со години навивачите на Борусија Дортмунд имаат голем непријател во лигата: Дитмар Хоп (78). Повторно и повторно, сижопственикот на Хофенхајм е непријател број 1 за фановите на „милионерите“, кој постојано е јавно навредуван и омаловажуван. Скоро на секој меч на „Сигнал Идуна Парк“ ќе се провлече по некој банер со навредлива содржина наменет за Хоп.

Денеска (15.30 часот) Хоп се враќа во Дортмунд, зато ашто неговиот Хофенхајм игра меч со Борусија. Она за што се загрижени првите луѓе на „милионерите“ е како ова ќе го прифатат најжестоките ултраси на клубот. Популарните БВБ мора да бидат внимателни, бидејќи ако денеска се повторат дел од епизодите од пред неколку натпревари, а Хоп добие нов излив на омраза и навреди од трибините, лидерот во Бундеслигата ќе се соочи со одземање бодови.

Ханс Е. Лоренц (67), претседател на спортската комисија при Германската федерација, за германските медиуми потврди дека вакво однесување на од БВБ фановите нема да се толерира.

„Мојата амбиција е да не интервенирам за време на кој било спортски натпревар. Тоа е последното нешто што го сакаме. Исто така мислам дека шансите на Борусија да и се одземат бодови за вакво однесување се мали, но не можам да гарантирам дека тоа не може да се случи“, вели Лоренц.

Рурските медиуми први објавија дека ДФБ е подготвена да ги казни „милионерите“ со одземање бодови доколку денеска се повторат грозните сцени и навредливите пораки на стадионот во Дортмунд. Иако Борусија има седум бода предност пред Гладбах и Баерн, тоа не значи дека титулата е обезбедена, па затоа секој бод за „жолтио-црните“ е прекупотребен. 

Од правната гледна точка и самиот Хоп може да поведе спор против фановите и клубот, што ДФБ сигурно нема да го одбие туку така. Оттука, Борусија (Д) денеска освен што треба да одигра добро на теренот против Хофенхајм, треба да биде исклучително внимателна и за однесувањето на трибините.

Најново во Меѓународен Фудбал