Германскиот великан потврди

Лам влегува во „куќата на славните“ на Баерн Минхен

Баварците потврдија дека по клрајот на оваа сезона нивната легенда ќе биде примен во клупската куќа на славните

објавено: 19 мај 2017 - 22:15

Филип Лам ја игра последната сезона во кариерата. Легендарниот капитен на Баерн Минхен одлучи да ги закачи копачките на клин сметајќи дека е време за да каже крај.

Според информациите од Германија, Лам ја одбил понудата на раководството да биде спортски директор на клубот. Но, Баерн Минхен сака да му ја направи најголемата чест, а тоа е влезот во „куќата на славните" на овој германски великан.

Германските медиуми тврдат дека тоа би требало да се случи во јуни, каде што на свечена церемонија воедно ќе биде повлечен и бројот 21 кој го носеше во својата кариера.

Баерн во последното коло на домашен терен утре од 15:30 часот ќе го пречека Фрајбург, каде што покрај Лам, крај на кариерата ќе стави и Чаби Алонсо.

Најново во Меѓународен Фудбал