ГОЛЕМА ЗАГРИЖЕНОСТ ВО БАВАРСКИОТ ТАБОР

Левандовски го напушта Баерн

Полскиот напаѓач, Роберт Левандовски на крајот на оваа сезона, поточно за време на преодниот рок ќе биде во центарот на вниманието. 

објавено: 27 февруари 2018 - 10:30

Веќе неколку недели на големо се шпекулира дека Роберт Левандовски ќе го напушти баварскиот тим. Иако од таборот на Баерн Минхен соопштија дека тоа нема да се случи и дека немаат намера да го продадат, реалноста е сосема поинаква.

Германските медиуми пренесуваат дека челниците на клубот се гарижени, бидејќи полскиот напаѓач им порачал дека по завршување на сезоната сака да замине, бидејќи му се потребни нови предизвици.

За услугите на Левандовски е заинтересиран Реал Мадрид, но во битката за него се вклучија Челзи и Манчестер Јунајтед. Но, „Билд" смета дека ова е игра на Левандовски да добие нов договор, кој ќе му донесе поголема заработувачка.

Најново во Меѓународен Фудбал