Урнебесна изјава на играчот на Баерн

Милер: Бундеслигата е во шок поради мојот гол

„Добро ќе дојде оваа репрезентативна пауза бидејќи Бундеслигата е во шок поради тоа што дадов гол" изјави низ смеа играчот на Баерн

објавено: 20 март 2017 - 22:30

Томас Милер барем за сега има лоша сезона зад себе. Фудбалерот на Баерн Минхен е непрепознатлив, но, со неговиот погодок, актуелниот шампион на Германија дојде до победата над Борусија Менхенгладбах. Со тоа, Милер на одличен начин го прослави својот 250. натпревар.

„Добро ќе дојде оваа репрезентативна пауза, бидејќи Бундеслигата е во шок поради тоа што постигнав погодок" изјави низ смеа Милер.

Милер, вчерашниот погодок во 61. минута го постигна по пауза од три ипол месеци.

Најново во Меѓународен Фудбал