ПОВТОРНО ПРЕКИН ПОРАДИ ИГРАЊЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК

НАЈЧУДНИОТ ВАР ПЕНАЛ ВО ИСТОРИЈАТА: Судијата покажа на белата точка, ама го немаше голманот, веќе беше во соблекувалната (ВИДЕО)

Скоро цела година се полемизира дали воведувањето на видео-технологијата е добро за фудбалот или не. И досега имаше многу чудни ситуации, но сигурно не како онаа која се случи на средбата од Бундеслигата помеѓу екипите на Мајнц и на Фрајбург.

објавено: 17 април 2018 - 09:30

Скоро цела година се полемизира дали воведувањето на видеотехнологијата е добро за фудбалот или не. И досега имаше многу чудни ситуации, но сигурно не како онаа која се случи на средбата од Бундеслигата помеѓу екипите на Мајнц и на Фрајбург.

Вистинско чудо - невидено.

Беше досуден пенал додека екипите беа во соблекувалните...

Судијата Гвидо Винкман досуди пенал кога на теренот нема ама баш никој!?

За се е виновен и заслужен ВАР системот, затоа што на главниот судија од студиото од Келн му беше јавено дека во последната минута од првото полувреме, после центаршутот на Бросински, дефанзивецот на гостите Кемпф играл со рака. 

Чист пенал!

Винкман не ја виде ситуацијата, и отсвири крај на полувремето.

Играчите на Фрајбург се стрчаа во соблекувалната, оние на Мајнц не. Стоеја покрај клупата, и чекааа. А потоа технологијата пресуди во корист на домаќинот, го поправа Винкман, затоа што му е сугерирано да покаже на белата точка.

Судијата го направи тоа, затоа што и самиот се увери во својата грешка прегледувајќи ја снимката од спорниот момент. Играчите на Мајнц сфатија дека имаат зицер ситуација. Аргентинецот Пабло Де Бласис ја зема топката, ја намести на белата точка. Но, немаше кому да му шутира, немаше голман.

Целиот стадион го чекаше Александар Пволов да се врати од соблекувалната, а и другите фудбалери на Фрајбург да бидат на теренот, како се би протекнало според правилата.

Во еден момент од гостинската соблекувална се слушна повикот: „Не се враќаме“.

Но правилата се правила, Сите се вратија на теренот, Шволов застана на линијата, а Бласис беше сигурен, за (1:0) во седмата минута од надополнување на времето. 

Бласис погоди и во вториот дел, за сигурни (2:0) за Мајнц. 

Но општото незадоволство на фановите беше изразено и при крајот на дуелот. Двете навивачки групи се сложни дека фудбал во Германија не смее да се игра во понеделник. Ултрасите на двата клуба пееја против одлуката на Бундеслигата од комерцијални причини да се воведат нови термини и еден меч од секое коло да се помести за првиот работен ден во неделата.

А транспарентот на симпатизерите на Мајнц можеби и најдобро го илустрира расположението на навивачките групи во Германија:

“Сабота, во три и половина - фудбал, колбаси и пиво“

Едноставно тоа не оди баш така...

Најново во Меѓународен Фудбал