Клубовите се договорија

Нема бундеслигашки фудбал во понеделник

Клубовите го послушаа гласот на навивачите, па од 2021/22 нема веќе бундеслигашки фудбал во понеделниците.

објавено: 21 ноември 2018 - 20:20

Во германската Бундеслига веќе неколку години се прават некакви експериментални промени со одигрувањетона првенствените натпревари во првата и втората Бундеслига. Раслојувањето на колата доведе до тоа фудбал на германските стадиони да има практично од петок до понеделник.

На последниот состанок на германските фудбалски клубови, донесена е одлука да се послуша гласот на навивачите кои отворено бараа да се укине одигрувањето на натпреварите во понеделник, кои веќе неколку години се традиција за 2. Бундеслига, но исто така почнаа да се применуваат во неколку датуми и во Бундеслигата. Клубови изразија солидарност со навивачите и се согласија да ги откажат натпреварите од шампионатите кои се играа во понеделник почнувајќи од сезоната 2021/22, кога ќе стапи на сила новиот телевизиски договор.

Претходно, навивачите на неколку клубови во Бундеслигата постојано протестираа против одигрување на натпреварите во понеделникот, а исто така извршија акции, бојкотирајќи ги дел од средбите. Оваа сезона и во Бундеслигата ина неколку средби кои се закажани за во понеделиник.

Најново во Меѓународен Фудбал