ЕКС ТРЕНЕРОТ НА ТЕТОВЦИ НАЈДЕ НОВА РАБОТА

Од Шкендија до регионалните Лиги на Германија

До сега го водеше тимот на Тенис Борусија во 5. Лига, а од идната сезона ќе седи на клупата на Рот-Вајс Ерфурт која се натпреварува во 4. Лига на Германија

објавено: 20 мај 2018 - 12:00

Можеби како играч беше солиден, и играше финале во ЛШ со Баер Леверкузен, но дефинитивно тренерската кариера е пропаст за Томас Брдариќ. Се чини дека Шкендија му беше врвот на неговата работа како стратег, откако во идната сезона ќе седи на клупата на четвртолигаш во Германија!

Станува збор за екипата на Рот-Вајс Ерфурт, која што до сега настапуваше во третата Лига, но го завзеде последното место на табелата, и сега е четвртолигаш, односно во регионалната Лига на Германија. Брдариќ ја прифати оваа улога. 

Пред да стане тренер на Шкендија, Брдариќ исто така водеше нисколигаши во Германија. Не се прослави ниту на клупата на тетовската екипа, по што беше сменет од оваа функција. До сега ја предводеше екипата на Тенис Борусија Берлин која се натпреваруваше во 5. Лига. 

Најново во Меѓународен Фудбал