Пако и Ројс јунаци на Дортмнуд, Баерн тоне се подлабоко (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд славеше со 3-2 против Баерн Минхен во големото германско дерби во рамки на 11.коло во Бундеслигата.

објавено: 10 ноември 2018 - 20:46

Борусија Дортмунд славеше со 3-2 против Баерн Минхен во големото германско дерби во рамки на 11.коло во Бундеслигата. Баварците во последно време не ги пружаат очекуваните партии, па вечерашниот пораз ја продлабочи нивната криза.

Дуелот на „Сигнал Идуна Парк" го отвори Левандовски во 26. минута. По одморот Дортмунд од белата точка израмни на 1-1, Ројс без проблем реализираше. Левандовски го врати водството на Баерн 2-1, но потоа следеше големиот пресврт на Борусија во креација на Ројс (67. минута) и Пако (74. минута).

Дортмунд со оваа победа има 27 бода, седум повеќе од Баерн Минхен кој е третопласиран. 

Најново во Меѓународен Фудбал