ГЕРМАНЕЦОТ ОДЛУЧЕН ДА ОСТАНЕ НА „СИГНАЛ ИДУНА ПАРК“

Ројс одбил богата понуда од Манчестер јунајтед!

објавено: 19 август 2014 - 18:47

Најдобриот фудбалер на Борусија од Дортмунд, Марко Ројс одбил да направи трансфер во редовите на Манчестер јунајтед, јавуваат британските медиуми.

Фудбалерот којшто одби трансфер во Баерн Минхен за да не биде „предавник“ како Марио Геце според најновите информации од Островот одбил богата понуда од „црвените ѓаволи“. За него се заинтересирани голем број на европски клубови, но тој е одлучен да остане во екипата на Клоп.

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо изјави дека „јорганџиите“ сакаат да го видат Ројс во своите редови, но се сомневаат во тоа затоа што тој одбил добра понуда од Манчестер јунајтед, клуб кој е доста побогат од шпанскиот шампион.

„Ројс е фудбалер за кој е малку веројатно дека ќе дојде да игра кај нас. Тој имаше богата понуда од Манчестер јунајтед која реши да ја одбие. Поради тоа, малку веројатно е дека тој кај нас би дошол да игра поради пари или нешто слично. Тој е врзан за Борусија“, изјави Сересо.

Марко Ројс е еден од најбараните фудбалери во овој преоден рок, но многу веројатно е дека тој ќе мине барем уште една сезона во редовите на екипата од „Сигнал Идуна Парк“.

Најново во Меѓународен Фудбал