Нова обложувачка афера во Германија

СКАНДАЛ: Кинези договарале „сигурни победи“ во германската Регионална лига!

На удар се најде германската Регионална лига Североисток, каде еден клуб е посочен како учесник во наместени натпревари - Германија Халберштад.

објавено: 11 февруари 2019 - 11:30

Канцеларија ја окружното обвинителство во Магдебург отвори кривична истрага под сомнение за обид за местење на натпревари во Регионална лиг ана Германија, дивизија Североисток. Како што објавија германските весници, во фокусот на обвинителите е извесна кинеска маркетинг компанија специјализирана за т.н. спортски маркетинг со седиште во пристанишниот град Кингдао, која со своја филијала во Германија „соработувала“ и со неколку германски четвртолигаши.

Претставници на компанијата во 2018 година потпишале договор за партнерство со германскиот четвртолигаш Германија Халбершат кој се натпреварува во дивизијата Североисток и кој оваа сезона по првиот дел од сезоната се наоѓа на 8. место. Истите кинески инвеститори барале влези во екипата на Хемницер, па дури и изнајмиле деловен простор на стадионот на клубот.

Под изговор за инвестирање во клубовите, Кинезите наводно барале да добиваат информации за т.н.  "сигурни победи". Томас Соботчик, спортски директор на Хемницерм за германските весници изјавил дека откако слушнале со кого си имаат работа, веднаш ги прекинале разговорите. Тоа, очигледно не се случило со првите луѓе на Германија Халберштад.

Спортскиот директор на овој четвртолигаш, Андреас Петерсен, веќе се најде на насловните страници, откако како менаџер на клубот барал на дуелот со неговиот поранешен клуб Бабелсберг одигран на 30 ноември фудбалерите на Халберштад да „кренат раце“, алудирајќи да им дозволат на домашните да победат и тоа со водство и во првото полувреме. Средбата така и заврши 1:0 на полувреме, 3:1 на крајот на мечот за екипата на Бабелсберг.

Петерсен негираше каква било намера да се манипулира со резултатот, но сега тоа треба да го докажува пред обвинителството во Магдебург.

Најново во Меѓународен Фудбал