БАВАРЦИТЕ ЗА КИНЕСКАТА ПОНУДА ЗА ОБАМЕЈАНГ

Тоа е веќе болест

Ули Хенес, првиот човек на Баерн изрази големо негодување за последните случувања и конкуренцијата на пазарот на Азија.

објавено: 6 јануари 2017 - 12:30

Со години наназад Баерн знае да „украде" играчи од другите тимови во Бундеслигата. А се чини дека најмногу на „својата кожа" особено во последно време, го почувствува екипата на Борусија од Дортмунд, од каде во најголемиот ривал во трката за титулите во изминатата деценија ( и повеќе) заминаа играчи како Мaрио Геце, Роберт Левандовски, Матс Хумелс...
На тој начин баварците се обидуваат да ги имаат во своите редови најдобрите играчи во лигата, и во исто време да ги ослабат ривалите кои почнуваат, стануваат посилни од што се. А кога во изминатите денови во медиумите се појави информацијата дека неименуван кинески клуб е подготвен да плати дури 150.милиони евра за трансфер на Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд, тоа внесе доза на загриженост и кај претседателот на минхенскиот клуб, Ули Хенес.

„Тоа е веќе болест. Извинете тоа не е ништо друго туку болест" – кажа првиот човек на Баерн за актуелната ситуација на пазарот на играчи.

Ја спореди со онаа од седумдесеттите и со Њујорк Космос кои во тоа време успеаја да го донесат славниот Џорџ Бест, а потоа и Бекенбауер, Пеле, Герд Милер, и многу други звезди на тогашниот фудбал. Макар што во тоа време тие беа пред залезот на своите кариери, па можеби и тоа имаше свое „влијание" да заминат и да играат во МЛС.

„Во тоа време тие можеа да работат што сакаа со тие пари. Ајде сега да се надеваме дека работите нема да испаднат така лочи како што се чини сега, во овој момент" - порача Хенес.

Дали во неговите зборови има стравување дека наместо во Баерн, Обамејанг би можел да се одлучи за Кина?

Најново во Меѓународен Фудбал