ХОЛАНЃАНЕЦОТ НЕМА МНОГУ ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ ЗА ГЕРМАНСКИОТ ПРВАК

Трансферот во Баерн ми беше чекор назад во кариерата

Иако од 2009 година е дел од тимот на „Алијанц Арена“ офанзивниот играч за врска вели дека воопшто не сакал да дојде во Минхен

објавено: 3 јануари 2017 - 10:20

Ариен Робен немаше многу пофални зборови за клубот во кој игра речиси една деценија. Холанѓанецот во 2009 година дојде во Минхен, а открива дека тоа воопшто не била негова желба. Пред да дојде во Баерн, Робен играше во Реал Мадрид.

„Трансферот на Баерн Минхен ми беше чекор назад во кариерата. Беше лето кога се врати Флорентино Перез во Реал Мадрид. Тогаш имаше многу нови играчи. Во Реал дојдоа Роналдо, Кака, Бензема, Алонсо. Беа потрошени многу пари. Мене ми рекоа дека ќе заработат многу пари ако ме продадат. Имаше контакт со Баерн и морав да ја донесам најтешката одлука во животот. Заминав во Баерн кој тогаш не беше меѓу европските гиганти. За мене тоа беше чекор враќање назад во кариерата. Сега е поинаку“, вели Робен.

Холанѓанецот во Баерн ја игра осмата сезона, а досега во 232 меча има дадено 121 погодок. Освои вкупно 15 големи трофеи во шест различни натпреварувања. 

Најново во Меѓународен Фудбал