ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СРПСКИОТ КЛУБ БАРА

Ги молиме обложувалниците да не го ставаат Раднички на понуда!

Ивица Тончев уверува дека Раднички нема никаква врска со падот на квотите во дел од обложувалниците

објавено: 10 април 2018 - 17:00

Претседателот на тимот на Раднички од Ниш, Ивица Тончев реши да проговори за шпекулациите кои се шират со приказните околу обложувалниците. Неколку пати во последните неколку кола, во дел од обложувалниците паднаа коефициентите на мечот поврзани со Раднички. 

„Сакавме да напишеме писмо до фудбалскиот сојуз поради тоа. Еден апел до обложувалниците да не го ставаат Раднички на понуда, бидејќи ни е трпиме штета. Во крушевац имавме сто позиви од типот „тука е готово, падна коефициентот од 2,7 на 1,4“. Кога се обложувате, квотите се намалуваат. Во 70 минута беше 1:1, а во тој момент беше коефициент 1,6 за наша победа. Како Раднички да е Манчестер Јунајтед. Така беше и минатата сезона кога коефициентот од 1,6 падна на 1,1, па не победивме. Нас обложувалниците не нè интересираат. Би сакале Раднички воопшто да не е на листата на понуда“, вели Тончев, во изјава за „Спортски журнал“. 

Првиот човек на тимот од Ниш вели дека српската лига е почесна од 80 отсто од Европа!

За разлика од Тончев, засега ниту еден спортски работник од Македонија не побарал слично нешто. некој клуб од нашата лига да се тргне од понудите за обложување, иако често се случува и на дел од натпреварите во Македонија да има драстичен пад на коефициенти за обложување. 

Најново во Меѓународен Фудбал