Арбитарот од Србија го чекаат тешки денови

Го досуди најсмешниот пенал и сега заврши во притвор

Срѓан Обрадовиќ, судијата кој беше делител на правдата на мечот Спартак Суботица – Раднички Ниш ќе биде задржан во дводневен притвор

објавено: 15 мај 2018 - 12:30

Срѓан Обрадовиќ, судијата кој беше делител на правдата на мечот Спартак Суботица – Раднички Ниш ќе биде задржан во дводневен притвор откако спрската полиција обелодени дека се сомнева во неговата искрена на намера во делењењто на правдата на гореспоменатиот натпревар.

Обрадовиќ е обвинет за злоупотреба на службената должност, фаворизирање на домашниот тим и ставање во поповолна ситуација одколку противникот. Откако му е одреден притворот, секако ќе следува и кривичната пријава, а потоа и одлука од истажниот судија како понатаму ќе теќе постапката.

За потсетување, Спартак на тој меч триумфираше со 2:0 со помош на веројатно најсмешниот пенал досуден во историјата на европскиот фудбал

Најново во Меѓународен Фудбал