белгискиот тим им оддржа час по бизнис на сите

Го купија за 1,5 милиони евра, утредента го продадоа за 5 милиони

Шарлероа за само 24 часа во клупската каса додаде 3,5 милиони евра, благодарение на еден паметен потег

објавено: 31 јануари 2018 - 14:22

Екипата на Шарлероа која моментно е на второто место во белгиското првенство направи потег со кој за само еден ден се збогати клупската каза за 3,5 милиони евра. Во последниве шест месеци за Шарлероа настапуваше крилниот офанзивен играч Доди Лукебакио, кој дојде како позајмен играч од Андерлехт. 

Тој е фудбалер кој доаѓа од Конго, а ги има поминато сите младински категории на тимот од Брисел. Сепак Андерлехт не го сакаше во своите редови, па го даде на позајмица во Шарлероа. Лукебакио на крајот од јануари требаше да се врати во Андерлехт, но Шарлероа го искористи правото да го откупи неговиот договор за 1,5 милиони евра. 

Иако оваа сума не е мала за тим како Шарлероа, сепак челниците на клубот размислуваа малку поинаку. Тие ја прекрија информацијата дека за Лукебакио се интересира англискиот премиерлигаш Ватфорд. Белгиците го откупија договорот на Лукебакио, а потоа веќе следниот ден добија понуда од Ватфорд и тоа вредна 5 милиони евра. 

Без многу размислување, Шарлероа ја прифати понудата од Ватфорд за Лукебакио и за само еден ден белгискиот тим заработи 3,5 милиони евра. 

Најново во Меѓународен Фудбал