ЛУДИЛО ВО ПОЛСКА

Го прекинаа мечот зашто не сакаа ривалот да слави титула на нивен терен

Во последното коло Јагиелонија и Легија се бореа за титулата, но првенството не е завршено поточно шампионот ќе биде официјализиран во наредните денови.

објавено: 22 мај 2018 - 10:15

Јагиелонија си ја заврши работата и ја победи Висла Плоцк со 2:1, а Легија беше на прагот на победа на гостувањето кај Лех. Бранителот на титулата водеше со 2:0 и се чинеше дека ќе ја прослави титулата кога навивачите на Лех направија нешто невидено. Во 77 минута несакајќи ривалот да ја прослави титулата на нивен терен го прекинаа натпреварот со тоа што фрлаа запалени факели и димни бомби и направија неред. Играчите се повлекоа во соблекувалните,а судијата одлучи да не го продолжи натпреварот.

На крајот Легија ќе го добие мечот на „зелена маса", а со тоа и титулата, но навивачите на Лех ја исполнија задачата. Спречија ривалот да направи шампионска забава на нивниот стадион.

Најново во Меѓународен Фудбал