АКО ЛЕТОВО СЕ СЛУЧИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОВАА НАЈАВА

Голема размена: Милан ќе добие супер ѕвезда во нападот!?

Голманот на „росонерите“ Џанлуиџи Донарума би заминал во Пари Сен Жермен, а од тимот на „светците“ на „Сан Сиро“ би пристигнал Единсон Кавани

објавено: 16 мај 2018 - 13:00

Еден од најдобрите млади голмани во светот, Џанлуиџи Донарума би можел да си замине од тимот на Милан ова лето. Според најавите од Италија, следна дестинација на Донарума ќе биде Пари Сен Жермен.

Францускиот првак е подготвен да биде дел од една голема размена во која ќе го добијат Донарума, но во Милано ќе го испратат Единсон Кавани. На „росонерите“ дефинитивно им недостасува една голема ѕвезда во тимот, а Кавани е токму таков играч. 

Донарума важи за еден од најталентираните голмани во светот, но во последно време не брани на посакуваното ниво. Посебно разочарувачки беше неговиот настап во финалето на Купот на Италија, кога Милан со 4:0 загуби од Јувентус, а токму Донарума беше главниот виновник за овој дебакл. 

Кавани сезонава одигра одлично за ПСЖ и зад неговото име има 40 погодоци и 12 асистенции, но сепак е во сенка на првата ѕвезда на тимот Нејмар, па токму затоа може и да си замине од „Паркот на принцовите“.

Најново во Меѓународен Фудбал