ПОРТУГАЛЕЦОТ ГИ ВООДУШЕВИ ЛЕТОНЦИТЕ

Големото срце на Роналдо (ВИДЕО)

Португалија на гостувањето кај Летонија славеше со 3-0 во рамките на квалификацискиот натпревар за пласман на СП во Русија. Стрелецот на два гола, Кристијано Роналдо уште еднаш ја покажа својата човечност. 

објавено: 10 јуни 2017 - 13:30

Португалија на гостувањето кај Летонија славеше со 3-0 во рамките на квалификацискиот натпревар за пласман на СП во Русија. Стрелецот на два гола, Кристијано Роналдо уште еднаш ја покажа својата човечност и ја воодушеви публиката.

Пред крајот на натпреварот, едно младо момче успеа да му побегне на обезбедување и да влезе на теренот за да го прегрне Роналдо. Иако Португалецот како и сите останати беше изненаден, сепак ја имаше најдобрата можна реакција. Тој го гушна неговиот фан, а потоа си поигра со неговата капа.

OMG!! Cristiano Ronaldo HUGS with Young Fan... by goloviliga

Најново во Меѓународен Фудбал