НЕВЕРОЈАТНИ БРОЈКИ ВО ДОСЕГАШНИОТ ДЕЛ НА СП

ГОЛОВИТЕ НА СП: 2/3 реализирани од пенали, слободни удари и прекини!

Мундијалот во Русија барем кога се во прашање погодоците, ги оправда очекувањата. Тоа што може да се забележи е дека огромен процент од нив се постигнати после прекин.

објавено: 20 јуни 2018 - 11:05

Ако се исклучи натпреварот Русија-Египет (3:1), дури 23 од вкупно 38 голови (16 мечеви, прво коло) се реализирани после прекин - корнери, слободни удари или од пенали, што е околу две третини од вкупниот број на голови во досегашниот дел на Светското првенство.

Директно од прекин, ги имаше вкупно четири, видовме дури девет пенали (и уште два нереализирани), а девет голови беа постигнати после центаршут од агол или после прекршок.

Занимливо е тоа што на претходното СП во Бразил 2014 имаше вкупно 48 голови после прекин, а во оваа фаза на турнирот - само три.

Се поставува прашањето што е причината поради ваквиот голем процент на постигнати голови после прекин - дали причината е тоа што репрезентациите во текот на подготвителниот период особено тренирале во делот на нападот или едноставно послабо се фокусирале на дефанзивата.

Дури и Јапонците, еден од најниските тимови на Мундијалот, успеаја да постигнат гол со глава после корнер - прв нивни во историјата на светските шампионати.

Ќе видиме како оваа бројка ќе се менува во текот на турнирот, а вистинска аномалија е секако фактот што секој трет погодок доаѓа после креирана акција.

Најново во Меѓународен Фудбал