Нов трилер меѓу вечните хрватски ривали

Гори Далмација, Хајдук го победи Динамо на „Максимир“

Франк Оханѕа е јунакот на Хајдук во вечното дерби со Динамо Загреб, а токму со голот на Камерунецот во 52. минута „сплитските били“ победија со 1:0 и тоа на „Максимир“

објавено: 18 февруари 2018 - 17:00

Франк Оханѕа е јунакот на Хајдук во вечното дерби со Динамо Загреб, а токму со голот на Камерунецот во 52. минута „сплитските били" победија со 1:0 и тоа на „Максимир".

Играчот за кој во еден период се најавуваше дека може да го засили македонскиот првак Вардар, беше најприсебен на почетокот на второто полувреме и го постигна единствениот гол на дербито.

За Динамо Загреб цел меч како капитен одигра Аријан Адеми, но „модрите“ не го најдоа патот до мрежата на гостите, иако имаа многу шанси. Најзрелата ја промаши Гаврановиќ. Шпицот на Динамо промаши пенал во 81. минута, па Хајдук издржа иако од 80. минута играше со фудбалер помалку, по исклучувањето на Лопез. 

Сега разликата меѓу вечните ривали е 9 бодови. Динамо остана лидер со 53, а Хајдук е втор со 44.

Најново во Меѓународен Фудбал