ПОРТУГАЛСКИОТ СПОРТСКИ ВЕСНИК ЗГРМЕ

ГОТОВО Е: Роналдо си заминува од Реал

„Неисполнети ветувања доведува до неповратна акција. Тргнува“, пишува на насловната страница на „Рекорд“, кој е најпродаван спортски весник во земјата

објавено: 7 јуни 2018 - 12:30

Кристијано Роналдо си заминува од Реал Мадрид и тоа ќе биде реализирано во летниот преоден рок. Ова на насловната страница го пишува најчитаниот спортски весник во Португалија, „Рекорд“. „Неисполнети ветувања доведува до неповратна акција. Тргнува“, пишува во весникот. 

Причина за разочарувањето е неисполнетите ветувања на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез да му ја зголеми платата на Кристијано од 21 милиони на 30 милиони евра по сезона. Ова ветување на Перез засега е неисполнето и тоа причина за Роналдо да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Актуелниот договор на Роналдо е до јуни 2021 година, но многу веројатно е дека ќе си замине во овој преоден рок. 

Најново во Меѓународен Фудбал