РЕКОРДНА КАЗНА

Грчка работа: Тим доби МИНУС 54 бодови

Екипата која се натпреварува во втората лига, автоматски е осудена на испаѓање

објавено: 7 декември 2017 - 14:20

Грчкиот клуб Акарнаикос, кој се натпреварува во втората лига, се најде во незавидна ситуација, откако беше решено да биде казнет со дури 54 бодови. Поради неплаќање на обврските кон играчите, на клубот првично му беа одземени 27 бодови и му беше даден рок да ги подмири долговите. 

Бидејќи челниците на Акарнаикос не го направија тоа во предвидениот рок, следуваше нова казна, односно одземање на дополнителни 27 бодови. Со тоа, вкупната казна е МИНУС 54 поени за екипата, која сигурно ќе испадна на крајот од сезоната. 

По шест одиграни кола, Акарнаикос има една победа и пет порази, што значи дека моментно е со минус од 51 поен. 

Најново во Меѓународен Фудбал