ШПАНСКИОТ ТИМ БЕШЕ УБЕДЛИВ ВО ФИНАЛЕТО

Гризман го одведе Атлетико Мадрид до трофејот во Лигата на Европа

„Јорганџиите“ со убедливи со 3:0 славеа против Олимпик Марсеј

објавено: 16 мај 2018 - 22:40

Атлетико Мадрид е освојувач на овосозенското издание на Лигата на Европа. Во финалето, кое се играше на стадионот во Лион, Атлетико со 3:0 славеше против Олимпик Марсеј.

Антоан Гризман потврди дека е вистински лидер на „јорганџиите“. Францускиот репрезентативец даде два  гола. Прво погоди во 21 минута, а потоа беше прецизен и во 49 минута за водство од 2:0. Точка на мечот стави Габи со погодокот во 89 минута за конечни 3:0 за Атлетико Мадрид. 

Со овој триумф, Атлетико постави „хет-трик“ во Лигата на Европа, повторувајќи го успехот од сезоната 2011/12, кога прв пат се радуваа, како и две години подоцна. 

Најново во Меѓународен Фудбал