НЕРЕШЕНО Е НА СПЕКТАКЛОТ ВО КАЗАЊ

Гризман сигурен од пенал, но дали ја видовте „БОМБАТА“ на Ди Марија? (Видео)

После првото полувреме во првиот осминафинален натпревар на Светското првенство резултатот е 1:1 помеѓу Франција и Аргентина.

објавено: 30 јуни 2018 - 16:49

Фуриозно тргнаа „триколорите" уште од првата минута кон аргентинскиот гол во намерата што побрзо да го постигне првиот погодок во Казањ.

Во деветтата минута возбудувања и вистинска шанса за Французите, после прекршокот на Маскерано врз Мбапе, од слободен удар шутираше Гризман, но ја погоди пречката.

Само 120 секунди подоцна пенал за избраниците на селекторот Дидие Дешам. Пребрзиот за „гаучосите", Килијан Мбапе истрча 60 метри, фаулиран од немоќниот Маркос Рохо, а судијата Алиреза Фагани покажа на белата точка.

Сигурен реализатор беше Антоан Гризман, напаѓачот на Атлетико Мадрид ја продолжува успешната пенал-серија, односно тоа беше негов петти по ред успешно реализиран удар од белата точка.

И кога сите помислија дека на пауза ќе заминат Французите во минимална предност, одненадеж мајсторија и израмнување во 41. мин. преку Ди Марија кој испрати „проектил" во мрежата на Љорис.

Најново во Меѓународен Фудбал