ПОРАНЕШНИОТ ФУДБАЛЕР НА ВАРДАР

Грнчаров: ШКЕНДИЈА ГАЗИ...а дојде посериозен клуб не знаат кај се!

И 35-годишниот централен бек го слушнал резултатот од првиот натпревар во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите помеѓу Салцбург и Шкендија.

објавено: 9 август 2018 - 13:16

Избраниците на тренерот Ќатип Османи загубија убедливо со 3:0 во Австрија синоќа и ќе имаат тешка задача да ја анулираат негативата во обидот за пласман во плеј-офот.

Бобан Грнчаров веднаш после овој пораз на тетовските „црвено-црни" имаше свој коментар, велејќи: „ШКЕНДИЈА ГАЗИ, добро се спремиле...а дојде посериозен клуб, не знаат кај се".

Македонските шампиони во првите две преткола успеаја да ги елиминираат ТНС (Велс) и Шериф (Молдавија), а како што најави Османи после вчерашниот пред, неговите играчи ќе се борат до самиот крај во овој двомеч.

Реваншот помеѓу Шкендија и Салцбург ќе се одигра на 14. август на „Филип Втори" Арената во Скопје со почеток од 20:15 часот.

Најново во Меѓународен Фудбал