НИКОЈ НЕ Е КАКО ШПАНСКИОТ СТРАТЕГ

Гвардиола е рекордер во Англија, Германија и Шпанија

Пеп ќе се обиде денеска да го продолжи рекордот со Манчестер Сити во Премиерлигата

објавено: 16 декември 2017 - 11:30

Тимот на Манчестер Сити денеска го очекува уште едно големо дерби во Премиерлигата. На свој терен „граѓаните“ играат против Тотенхем. Ова ќе биде уште еден голем тест за тренерот Пеп Гвардиола и неговите играчи кои сезонава играат речиси перфектно. 

Во досегашните 17 меча, Сити има 16 победи и само едно реми. Неверојатна е серијата од 15 победи во низа, која е рекордна во Премиерлигата. Ниту еден тим немал толку победи по ред во најсилната англиска лига. Гвардиола едноставно како да создаде „машина“ за победување.

Но тоа и не е толку чудно кога се работи за Гвардиола. Шпанскиот стратег е познат по тоа што неговите екипи доминирале во првенствата каде што ги водел. Кога беше тренер на Баерн Минхен, најтрофејниот германски тим имаше неверојатни 19 победи по ред, што претставува апсолутен рекорд во Бундеслигата. 

Иста е ситуацијата и во Шпанија. И во Примера дивисион, Гвардиола го држи рекордот. Како тренер на Барселона, каталонците предводени од Пеп имаа16 победи по ред, рекорд кој е недопирлив за никого. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал