ТРЕНЕРОТ НА МАНЧЕСТЕР СИТИ ИМА СВОЈ СТАВ

Гвардиола не го сака Меси во тимот, објасни и зошто

„Граѓаните“ се лидери во Премиерлигата и играат во одличнма форма и во Лигата на шампионите

објавено: 24 ноември 2017 - 19:41

Некогашниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола, најави дека не би сакал да го види Лионел Меси во тимот на Манчестер Сити, каде што сега е на кормилото. Според шпанскиот стратег „природно“ е Меси да го продолжи договорот со тимот од „Камп Ноу“.

„Сите сакаме Меси да го продолжи договорот со Барселона. Јас сум задоволен од формата во која се наоѓа Манчестер Сити во моментов. Јас како тренер сум учел и од сруги стратези и тоа е нормално. Многу тренери ми се допаѓаат како работат, но сепак никого никогаш не сум копирал. Јас имам сопствен стил на работа“, рече Гвардиола.

Најново во Меѓународен Фудбал