АРГЕНТИНСКИОТ ГЛГЕТЕР Е ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ КАЈ „ГРАЃАНИТЕ“

Гвардиола откри дали Агуеро ќе остане во Сити

Атлетико Мадрид посакува во своите редови да го врати напаѓачот

објавено: 12 мај 2018 - 16:00

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола тврди дека Серхио Агуеро нема шанси да го напушти клубот по завршување на сезонава. Агуеро со „граѓаните“ се радуваше на титулата во Премиерлигата, каде беше еден од најдобрите играчи. 

За аргентинскиот голгетер се заинтересира тимот на Атлетико Мадрид, каде Агуеро веќе има играно. Атлетико бара замена за Антоан Гризман, кој речиси сигурно си заминува од таборот на „јорганџиите“.

„Серхио останува во нашиот тим и тоа ќе биде така, се додека тој самиот не реши дека сака да направи промена. Истото го кажав и на крајот од минатата сезона, а сега истото го повторувам“, објасни Гвардиола, кој се надева дека за следната сезона ќе направи уште подобар тим, конкурентен и за во Лигата на шампионите.

Најново во Меѓународен Фудбал