Ќе остане во Азија

Халилхоџиќ се сели во Кина - Шандонг Луненг го купува екс-селекторот на Јапонија

Вахид Халилхоџиќ нема долго да биде без работа, откако доби отказ и беше сменет од позицијата селектор на Јапонија и најверојатно останува во Азија

објавено: 17 април 2018 - 15:40

Вахид Халилхоџиќ нема долго да биде без работа, откако доби отказ и беше сменет од позицијата селектор на Јапонија и најверојатно останува во Азија.

Тој успеа да ги одведе Јапонците на Мундијалот во Русија, но поради незадоволство на играчите беше сменет на неполни два месеци пред почетокот на турнирот за светската титула. Сега има понуда од кинескиот прволигаш Шандонг Луененг, тим кој има големи амбиции.

И тим во кој играат познати светски ѕвезди предводени од Грацијано Пеле, Диего Тардели, Папис Демба Сисе...

 

Најново во Меѓународен Фудбал