ЗАТОА СЕР АЛЕКС БЕШЕ НАЈДОБРИОТ

Харгрејвс откри како Фергусон ги мотивирал играчите на Манчестер Јунајтед

Откако Ферги си замина од клупата на „црвените ѓаволи“, тимот не освои ниту еден шампионски трофеј во Премиерлигата, а не па да се надева на Лигата на шампиони

објавено: 16 април 2018 - 15:30

Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Овен Харгрејвс откри на кој начин легендарниот менаџер Сер Алекс Фергусон ги мотивирал играчите на најтрофејниот англиски клуб. Харгрејвс дојде на „Олд Трафорд“ во 2007 година од тимот на Баерн, и во првата сезона се радуваше на титулата во Премиерлигата, но и на трофејот во Лигата на шампионите. 

„Се сеќавам дека кога дојдов во Манчестер Јунајтед во 2007 година, бевме на турнеја во Азија. Тогаш Сер Алекс Фергусон нè собра и ни рече дека планира да ја освои Премиерлигата и Лигата на шампионите. Фергусон со себе носеше еден плик и ни рече: „Тука ги имам запишано имињата на играчите кои може да ни попречат во остварување на целите и плановите. Направете вашето име да го нема на тој лист“. Веднаш потоа сите истрчаа од соблекувалната, за да докажат дека се подготвени да играат под водство на Фергусон и дека нема да го разочараат“, открива Харгрејвс, кој има титула во Лигата на шампионите и со Баерн Минхен од 2001 година. 

Фергусон цели 27 години беше менаџер на Манчестер Јунајтед и за тој период освои повеќе од 30 вредни трофеи во сите можни натпреварувања. 

Најново во Меѓународен Фудбал