УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ - 3. КОЛО

Хрватска и Англија и направија услуга на Шпанија

објавено: 12 октомври 2018 - 22:46

На ремито 0:0 на „Максимир“ во Загреб, веројатно најмногу му се израдуваа навивачите на шпанската фудбалска репрезентација. Хрватска и Англија и по два одиграни меча во групата „4“ од А- Лигата на нации остана абез победа и дури 5 бода зад лидерот во групата, селекцијата на Шпанија, која веќе со едно реми на преостанатите две средби може да си го осигура патот во плеј-офот од ова ново УЕФА натпреварување. И Хрватска и Англија имаа свои моменти и шанси на средбата, но на крајот не успеаја да дојдат до толку посакуваниот гол за победа. 

Во вториот меч од А-Лигата, вечерва репрезентативците на Белгија потешко од очекувањата дојдоа до победа над селекцијата на Швајцарија. Лукаку беше човекот на одлука со двата гола во второто полувреме. Швајцарците успеаја да се вратат со гол за израмнување, но не и да се изборат за еден бод . Во оваа група Белгија е лидер со 6 бода, пред Швајцарија која остана на 3 бода.

Во Б-лигата, Австрија се избори за првата победа во натпреварувањето, откако со минимални 1:0 ја победи селекцијата на С. Ирска. Во Ц-групата, Финска и Грција дојдоа до минимални победи против Естонија и Унгарија, додека во Д-Лигата Молдавија и Белорусија обезбедија победи на домашен терен и ги зголемија шансите за место во плеј-офот.

РЕЗУЛТАТИ – 3. КОЛО:
А – ЛИГА
Белгија – Швајцарија 2-1
Хрватска – Англија 0-0
Б – ЛИГА
Австрија – С. Ирска 1-0
Ц - ЛИГА
Грција – Унгарија 1-0
Естонија – Финска 0-1
Д – ЛИГА
Белорусија – Луксембург 1-0
Молдавија – Сан Марионо 2-0

Најново во Меѓународен Фудбал