ПО ДУЕЛОТ ВО ЗАГРЕБ, „КОЦКЕСТИТЕ“ СО ОДЛИЧНА ПРЕДНОСТ

Хрватска ја „здроби“ Грција 4:1 и е на чекор од Мундијалот

На вториот денешен дуел, Швајцарија на гости со 1:0 ја победи Северна Ирска

објавено: 9 ноември 2017 - 22:42

Хрватска одлигра одлично и победи со 4:1 против Грција, во првиот меч од баражот за пласман на Светското првенство во русија, следната година. Со овој резултат „коцкестите“ се многу блиску до пласман на завршницата на Мундијалот, бидејќи на реваншот во Атина, на 12 октомври ќе бранат три погодоци предност. 

Домаќините одлично го започнаа дуелот на „Максимир“ и по само 20 минути имаа предност од 2:0, со головите на Модриќ и Калиниќ. Грците со голот на Сократис, со глава, намалија на 1:2 во 30 минута, но само три минути подоцна, Перишиќ со иста мера возврати за 3:1 на полувемето. 

На стартот од вториот дел, Крамариќ ја искористи грешката во одбраната на гостите и зголеми на 4:1. Во продолжение на средбата, Хрватска имаше уште неколку шанси за погодок, но мрежата на Грција остана само четири пати да се тресе. 

Во вториот меч вечерва, Швајцарија минимално со 1:0 победи на гости кај Северна Ирска. Голот вреден победа и голем чекор кон Русија го даде Родригез во 58 минута од пенал. Со оваа победа, Швајцарија покажа зошто во квалификациите имаше девет победи во 10 средби. 

Утре својот прв бараж го играат Шведска и Италија, а в сабота ќе се сретнат Данска и Република Ирска. 

Најново во Меѓународен Фудбал