Балканско дерби

Хрватска ќе бие битка со Грција за пласман на Мундијалот во Русија

Хрватска ќе игра со Грција во бараж двомечот за пласман на Светското првенство во Русија идната година, а за уште три места „копјата“ ќе се кршат на дуелите меѓу Шведска и Италија, Данска и Република Ирска и Северна Ирска против Швајцарија

објавено: 17 октомври 2017 - 14:29

Хрватска ќе игра со Грција во бараж двомечот за пласман на Светското првенство во Русија идната година, а за уште три места „копјата" ќе се кршат на дуелите меѓу Шведска и Италија, Данска и Република Ирска и Северна Ирска против Швајцарија.

Првите натпревари ќе се играат на 9. ноември, а реваншите се закажани за 14. ноември. 

Интересно е што само Италија е поранешен светски првак од сите 8 селекции и тоа има 4 титули. 

Двојки: Хрватска - Грција, Шведска - Италија, Данска - Република Ирска, Северна Ирска - Швајцарија.

 

Најново во Меѓународен Фудбал