ЛИГА НА НАЦИИ: ОДЛУЧУВАЧКИ МЕЧ ЌЕ ИМАМЕ НА „ВЕМБЛИ“

Хрватска мора без Ракитиќ да ја „нападне“ Англија!

Фудбалерот на Барселона нема да може да им помогне на своите репрезентативни колеги на гостувањето во рамките од Лигата на нации.

објавено: 17 ноември 2018 - 14:00

Хрватска нема да може да смета на услугите на Иван Ракитиќ во мечот против Англија в недела на „Вембли", дуел кој што е важен и за двете решрезентации.

„Можам да кажам дека Иван нема да биде во конкуренција за мечот со Англија. Поради повреда ќе се врати во Барселона на додатни прегледи", рече хрватскиот селектор, Златко Далиќ.

Хрватите во минатото коло триумфираа над Шпанија (3:2) и така ги одржаа шансите за понатамошен пласман, а сега прашање е кој ќе игра на местото на Ракитиќ.

„Има опции, тука се Влашиќ, Бадељ, Ковачиќ. Мораме полека да сметаме и на младите сили, но не смееме да заборавиме дека поискусните ја носат репрезентацијата", додаде Далиќ.

Лига на нации

Група 4 (Лига „А")

Табела:

1.Шпанија 6 бодови
2.Англија 4
3.Хрватска 4

18. ноември
Англија-Хрватска

Најново во Меѓународен Фудбал