Челенџ и утка

И на реприза се греши, видеотехнологијата му подари пенал на Уругвај (Видео)

Интересен момент се случи на Светското првенство во Јужна Кореа за фудбалери до 20 години, а сега се потврди дека и видеотехнологијата може да погреши

објавено: 8 јуни 2017 - 13:35

Интересен момент се случи на Светското првенство во Јужна Кореа за фудбалери до 20 години, а сега се потврди дека и видеотехнологијата може да погреши. 

Агустин Конобио, напаѓачот на Уругвај имаше дуел во шеснасетникот на Венецуела, а топката заврши кај голманот. Акцијата тргна на спротивната страна, Конобио не протестираше, но судијата доби сигнал да се репризира ситуацијата со новововедената технологија за повторување на спорни моменти.

По разгледување на снимката, главниот арбитар покажа на белата точка и очигледно погреши. Погледнете ја целата ситуација.

Во финалето сепак ќе игра Венецуела, селекција која израмни во самиот финиш на регуларниот дел со голот на Ерера, а потоа го доби и пенал рулетот со 4:3. Во второто полуфинале сега играат Италија и Англија.

Најново во Меѓународен Фудбал