ОД ЕУФОРИЈА ДО ВРАЌАЊЕ ВО РЕАЛНОСТА

И покрај дебаклот, Рибас им аплаудира на играчите на Гибралтар (ВИДЕО)

Вчера со убедливата победа на Ерменија од 2:6, згаснаа надежите на фудбалерите на Гибралтар дека можат да направат нешто сензационално во групата од Лигата на нации каде што се наоѓа и Македонија.

објавено: 17 ноември 2018 - 12:57

После двете победи по ред против Ерменија на гости и Лихтенштајн, во Гибралтар владееше голема фудбалска еуфорија во земјата и дури се најдоа во можност да се борат за првата позиција која води во повисок ранг и плеј-оф за ЕУРО 2020.

Реалноста им се врати после триумфот на Ерменците кои и понатаму остануваат во трка за врвот, а нам ни треба само бод в понеделник против Гибралтар да го обезбедиме првото место.

„Им аплаудирам на моите играчи за храброста. Сеуште има многу работа пред нас, но големи нешта се на патот за оваа репрезентација", рече селекторот на Гибралтар, Уругваецот Хулио Рибас.

Најново во Меѓународен Фудбал