ЗЛАТАН Е ВО НЕОЧЕКУВАН ПРОБЛЕМ

Ибра и да сака да игра на СП во Русија, нема да добие дозвола од ФИФА!?

Ибракадабра се повлече од репрезентативниот дрес во 2016, но најави дека ако сака може да заигра и на Мундијалот 2018

објавено: 3 април 2018 - 20:20

Златан Ибрахимовиќ реши за прв пат во кариерата да ја напушти Европа и потпиша за тимот на Лос Анџелес Галакси. Иако веќе не е во врвните лиги, Златан уште во првиот меч за новиот тим направи нов „бум“ во светски рамки. Даде два гола во победата на Галакси против градскиот ривал ФЦЛА и тоа едниот беше вистинско ремик дело.

Ибрахимовиќ во 2016 година, по завршување на Европското пренство, најави повлекување од репрезентацијата, но неодамна изјави дека ако сака ќе игра и во Русија.

„Ако Златан сака да игра на Светското првенство, Златан ќе игра“, рече сам за себе Ибрахимовиќ, а потоа додаде „Секој ден ми се јавуваат од Шведска и прашуваат како се чувствувам, за што размислувам? Сепак одам чекор по чекор. Ако се чувствувам добро, ако сум способен да го направам тоа што можам, вратата секогаш ми е отворена“, рече Ибрахимовиќ.

Сепак сега пред Ибра се испречува еден необичен проблем, односно едно правило на ФИФА. Светската фудбалска федерација не дозволува на Мундијал да настапи играч кој е поврзан со обложувалниците. Златан од неодамна е амбасадор на една таква обложувалница и тоа може да му биде пречка да го видиме на планетарниот собир во Русија.

„Целата кариера ме прогонуваа обложувалниците да ги промовирам, но секогаш ги одбивав. Сепак, ова е нешто поинаку. Се работи за обложувалница која ја отворија луѓе од мојот роден град и сакам да им помогнам“, објасни Ибрахимовиќ. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал