РЕАКЦИИ ПО ГОЛОТ НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

Ибра: Нека проба од 40 метри, Крауч: Малку сме што можеме така

Златан потсети дека тој има со „ножички“ има погодено од речиси половина терен

објавено: 4 април 2018 - 11:08

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не е единствениот кој се фали дека има дадено поубав гол од тој што Кристијано Роналдо го постигна синоќа на дуелот против Јувентус. Роналдо погоди со „ножички“ и го восхити целиот фудбалски свет, но не и Златан Ибрахимовиќ. 

Шведскиот голгетер на социјалните мрежи имаше што да му порача на Роналдо. „Тоа беше убав гол, но пробај да го направиш истото, но од 40 метри“.

Со оваа порака, Ибра само потсети на погодокот кој тој го има постигнато во дресот на шведската репрезентација на дуелот против Англија. Тогаш Ибра погоди со „ножички“ речиси од половина терен. 

И некогашниот англиски репрезентативец Питер Крауч се пофали дека во кариерата има дадено гол како тој на Роналдо. Крауч едноставо порача дека малкумина играчи се во негово друштво, а од синоќа таму е и ѕвездата на Реал Мадрид. 

 

Крауч даде гол со „ножички“ на дуелот против Галатасарај во Лигата на шампионите, во дресот на Ливерпул во 2007 година. 

Најново во Меѓународен Фудбал