ШВЕЃАНЕЦОТ НЕ ГО ДОЧЕКА КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА ВО АНГЛИЈА

Ибра откри зошто си заминал од Манчестер

Кариерата на еден од најдобрите голгетери во последните 20 години, ќе продолжи во тимот на Лос Анџелес Галакси во САД

објавено: 28 март 2018 - 21:00

Поразот од Севилја и елиминацијата на Манчестер Јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите, е главниот фактор зошто Златан Ибрахимовиќ реши да си замине од англискиот гигант и тоа пред да го одработи договорот до крајот на сезоната. 

Менаџерот на Ибра, Фреди Фу Хо-Куен, објасни дека напаѓачот имал желба да го освои елитното натпреварување на УЕФА во дресот на Манчестер, а откако тоа станало невозможно, едноставно посакал да си замине. 

„Златан и тренерот одлично се разбираа. На Златан му се допаѓаше во Манчестер. Тој беше еден од главните играчи во тимот, се додека не се повреди. Сакаше да ја освои Лигата на шампиони, а откако беше елиминиран од Севилја, едноставно посака да го смени тимот. Тоа е моето мислење“, рече менаџерот на Ибрахимовиќ, Хо-Куен.

 

Најново во Меѓународен Фудбал