ФУДБАЛСКАТА ЅВЕЗДА НА ЛОС АНЏЕЛЕС ГАЛАКСИ

Ибрахимовиќ: Ќе ми беше поубаво ако Хрватска го освоеше Мундијалот!

Златан Ибрахимовиќ каде и да се појави секогаш го привлекува вниманието.

објавено: 10 август 2018 - 10:30

Тој во интервјуто говореше за успехот на репрезентацијата на Хрватска на неодамнешното Светско првенство во Русија.

„Мајка ми е Хрватка, татко ми е Босанец, а јас сум Швеѓанец. Гледате каков микс е ова. Ќе ми беше поубаво ако Хрватска триумфираше на Светското првенство, земја со четири или пет милиони луѓе. Имаат фантастичен тим и играа одлично на Мундијалот во Русија", рече Ибрахимовиќ.

Годинава 36-годишниот напаѓач во дресот на американскиот клуб има вкупно 17 натпревари и 15 реализирани погодоци.

Најново во Меѓународен Фудбал