СО НЕГО ЌЕ БИДЕ СОСЕМА ПОИНАКУ

Ибрахимовиќ реши: Ќе играм на СП во Русија!

Голгетерот најави дека ја завршува репрезентативната кариера, но сепак сега се премисли

објавено: 16 април 2018 - 09:00

Златан Ибрахимовиќ ќе игра на Светското првенство во дресот на шведската репрезентација. Ова сам го соопшти Ибрахимовиќ преку својот Твитер профил. 

„Шансите да играм на Светското пренство се големи до небото“, напиша Ибрахимовиќ, кој во изминативе неколку недели блеска во дресот на Лос Анџелес Галакси. 

Ибрахимовиќ реши за прв пат да игра во САД и тоа за тимот на ЛА Галакси. Во првите три меча за новиот тим, даде три погодоци и беше директно заслужен за две победи. Голгетерот има вкупно 116 меча за „викинзите“, а се радувал на 62 погодоци. 

По завршување на ЕП 2016, самиот играч најави дека си заминува од селекцијата, но сега неговата ѓелба е променета. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал