БРАЗИЛ Е ЦЕНТАРОТ НА ВАКВИТЕ ИСПАДИ

Играч за време на меч претепа додавач на топки (Видео)

Домаќините во судиското надополнување дадоа гол за победа, а еден од гостинските играчи беше изнервиран па реши да истепа еден од оние кои стојат покрај аут линијата и се задолжени за враќање на топките

објавено: 21 февруари 2018 - 18:00

Бразил и се е можно. Откако пред некој ден  „Дербито на мирот“ меѓу Виторија и Бахија не го дочека крајот поради тепачката и деветте црвени картони кои ги додели судијата, сега се случи нов скандал. 

Дуелот меѓу Комерцијал и Операрија заврши со победа на домаќините од 1:0, но во центарот на вниманието беше тепачката која се случи во последните секунди од средбата. Домаќините дадоа гол за победа, а гостинскиот играч Џеферсон Ријас изнервиран наводно од провокациите на момчето задолжено за додавање на топките, реши да го претепа. 

Подоцна Ријас беше нападнат од еден од домашните играчи, а на крајот мораше да реагира и полицијата. 

„Не сме само ние виновни. Домаќините се одговорни за однесувањето на луѓето околу теренот. Додавачот на топките константно провоцираше и ги навредуваше нашите играчи, но тоа не го оправдува однесувањето на нашиот играч. Затоа и го раскинавме договорот со него“, рече претседателот на Операрија.

На напаѓачот Ријас му се заканува доживотна забрана за играње фудбал, додека момчето кое беше претепано заврши со скршеница на носот, со фрактура на лицето и бројни модринки. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал